Бауерфеинд AG ги  здружи силите со кошарската супер- ѕвезда Дирк Новицки, кој е на пат да стане глобален бренд амбасадор на семејната компанија со седиште во Zeulenroda, Тирингија (Германија).  Соработката на  Дирк Новицки со Бауерфеинд  и користењето на наши производи е од поодамна.
“Јас сум  обожавател и корисник на Бауерфеинд производите  многу години претходно”, вели Дирк Новицки. За да можам да се потпрам целосно на моето тело – Бауерфеинд помагалата ми се подршка.  Нејзините производи се од светска класа.”
Дирк Новицки е првата славна личност бренд амбасадор за Бауерфеинд,  која произведува медицински производи, како што се помагала за колената, глуждовите и грбот . На 37-годишна возраст,  германската и светска суперѕвезда  склучи долгорочно партнерство со глобалнита фирма Bauerfeind АГ.
“Дирк Новицки веќе е фан на нашите производи и бидејќи е навистина приземјен како човек и покрај неговите неверојатни достигнувања –   мислам дека е совршен бренд амбасадор. Ние навистина со  нетрпение очекуваме да работиме со него”, вели главниот извршен директор д-р Ханс Б. Бауерфеинд.  75-годишниот претставник на третата генерација на семејството Бауерфеинд , ја води  компанијата, која е основана во 1929 година и сега има околу 2.000 вработени.  Неговиот син Томас Бауерфеинд (41) е главен финансиски директор, додека неговата ќерка Беатрис Бауерфеинд-Џонсон (36) е член на Надзорниот одбор.
Бауерфеинд е многу позната компанија во меѓународниот спорт.   Помагала, ортози, ортопедски влошки и медицински чорапи за компресија произведени од страна на компанијата од  Zeulenroda се користат во големи настани како што се Олимписките игри од 2002година,  елитни спортисти од целиот свет се потпираат на овие високо-квалитетни производи, кои се направени исклучиво во Германија и имаат освоено бројни награди. Врвни национални кошаркарски, ракометни и фудбалски тимови исто така ги  користат Бауерфеинд помагалата.
“Сакаме да се воспостават нови релации со Дирк Новицки и да покажеме дека придобивките од нашите производи може да се за секој, без разлика дали тие се потребни за спортски активности или за секојдневниот живот”, објаснува Томас Бауерфеинд. Новата кампања во која свое деби ќе има Дирк Новицки како бренд амбасадор  терба да се лансира во март.