Bauerfeind

Ракометните екипи на Металург, веќе една година, уживаат во благодетите од спонзорството на фирмата BAUERFEIND, една од водечките светски производители на медицински помагала. Воспоставена е соработка, на обострано задоволство, соработка која се надеваме дека ќе трае. Досегашните искуства, на нашите ракометари и ракометарки, зборуваат за висококвалитетни производи кои немаат алтернатива ниту замена, производи кои ги олеснија тегобите и повредите на нашите спортисти.

Македонското претставништво на оваа реномирана фирма е во рацете на Ирена Тепиќ, амбициозна, комуникативна, стручна и секогаш спремна за соработка, особа. Меѓу другото, благодарејќи на нејзиното залагање и помош, имавме одлична сезона во Мини лигата на Металург.

Денес, BAUERFEIND одржа презентација на својата богата палета производи. Меѓу присутните беа спортисти од целата фамилија на Металург: ракометари, ракометарки, фудбалери, каратисти. Имавме што да видиме и што и да слушнеме. По презентацијата, како што тоа приличи меѓу пријатели, се задржавме во просториите на фирмата, се дружевме, се сликавме.

Што, или кој, е BAUERFEIND ?

За да ја запознаеме фирмата BAUERFEIND, ја отворивме нивната интернет страница. Таму стои дека во 1994 година, со здружување на германската фирма “Медикус“ и хрватската “Матеа“, настана германско-хрватската фирма “Медикус Матеа“ д.о.о. Како таква, делува до 2002 година, кога станува дел од моќниот концерн BAUERFEIND AG, и го менува името во BAUERFEIND д.о.о. Седиштето на фирмата е во загребската населба Блато, во современ деловно-рехабилитационен центар, со површина од 1500 м2.

Концернот BAUERFEIND е еден од водечките светски производители на медицински помагала. Основан е од Бруно Бауерфеинд, во далечната 1929 година, во Германија. На почеток, фабрика за медицински гумени чорапи, денес е конгломерат составен од 6 компании, со околу 2200 вработени: BAUERFEIND Phlebology, BAUERFEIND Orthopedics, BAUERFEIND Fusorthopadie, BAUERFEIND Prosthetics, BAUERFEIND Shoe Division и Zeuba. Седиштето на концернот е во германскиот град Цојленрода-Трибес, источна покраина Тирингија. Во период од 1949 до 1991 година, поради политичката ситуација во Источна Германија, седиштето на фирмата е во градот Дармштад. По обединување на двете Германии, седиштето се враќа во Цојленрода-Трибес, и денес фирмата ја раководи внукот на оснивачот, Ханс Б. Бауерфеинд, како претседател на Управниот Одбор.

BAUERFEIND разви една филозофија: движението е живот. Цел е, со производство на соодветни терапевтски производи, луѓето да бидат помобилни. Нивните производи се резултат на користење на специјалистички знаења и тимска работа, засновани на иновации и детално разработени маркетиншки концепти, медицински стручен кадар и партнери во малопродажба. Одговорните во BAUERFEIND велат: “Ние сме интернационална фирма која има за цел да запослува креативни и амбициозни луѓе, спремни на искушенија и способни за тимска работа“.

BAUERFEIND-овата палета на медицински производи им нуди, на лекарите и бизнис партнерите, добро осмислени терапевски концепти на индивидуалното покривање на сите делови на телото.

BAUERFEIND, освен како производител, делува и како генерален и ексклузивен дистрибутер на повеќе, светски познати, фирми и овозможува континуирано снабдување со широк асортиман на рехабилитационо-терапевтски производи.

Во Македонија, компанијата е присутна од 2002 година, со отварање на центарот во Скопје. Потпишаните договори, со Фондот за здравствено осигурување, овозможуваат дистрибуција на квалитетни ортопедски помагала до корисниците ширум Македонија

Тоа е BAUERFEIND.

This is a unique website which will require a more modern browser to work!

Please upgrade today!