Хуманитарните проекти на Металург

Вториот проект е реализиран со средствата собрани од натпреварот Металург – Загреб, а наменети за децата со посебни потреби од здружението “Дајте ни Крила“. Овој проект Металург го реализира во соработка со Bauerfeind, водечка германска фирма за производство на специјална заштитна и помошна опрема, и при тоа е набавена специјална опрема која децата ја користат при вежбање во базен, вежби со кои раководи Наташа Мешковска.Донацијата јаприми г-ѓа Ребека Илкова.Металург ќе продолжи со своите хуманитарни проекти и при тоа ќе соработува и со други сличниздруженија.Металург ја користи оваа прилика за да им се заблагодари на сите хумани луѓе кои купувајки влезници, овозможија да се реализираат овие проекти и допринесоа нашите деца да имаат барем малку посреќни денови.

This is a unique website which will require a more modern browser to work!

Please upgrade today!